Со свечена литургија посветена на Свети Нектариј Битолски, утринава започна одбележувањето на патронот на градот Битола. На литургијата присуствуваше градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола и голем број верници во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола.
По литургијата, се одржа литија, а поворката тргна од црквата Свети Великомаченик Димитриј, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај НУУБ „Свети Климент Охридски“, до хотел „Епинал“, а продолжи низ „Широк Сокак“ враќајќи се до црквата Свети Великомаченик Димитриј.
Точно на пладне, градоначалничката имаше средба со Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски Господин Петар. На средбата, тие разговараа за теми од општествениот живот, кои имаат заеднички допирни точки и за општината и за црквата.