Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија Драган Јаќимовиќ, оствари прва работна средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, по неговото доаѓање на оваа функција пред четири месеци.
На средбата амбасадорот ја потенцираше неговата заложба за воспоставување на што поблиски контакти на двете земји, не само на културен, туку и на економски план. Тој истакна дека треба да се возобноват некогашните контакти кои што градот Битола ги имаше со градот Бања Лука и да се воспостави соработка на двата универзитети од овие градови.
Градоначалничката Петровска на средбата ја образложи политиката на оваа локална самоуправа за воспоставување на поблиски односи со збратимените градови од поранешна Југославија, а со тоа и можноста за поблиски релации со Бања Лука, пред се на ниво на контакти на Регионалните стопански комори, училиштата итн.
Во присуство на амбасадорот Јаќимовиќ, беше и почесниот конзул на Босна и Херцеговина во нашиот град, Билјана Дамјановска Јанчевска.