Амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задоржњук, заменик амбасадорот Роман Буга и градоначалникот на Кременчук, Малецки Виталиј Олексијович, денес преку видео-конференциска врска, во разговор со градоначалникот Тони Коњановски, изразија голема благодарност за хуманитарната помош со која Битола ја покажа својата грижа за граѓаните од збратимениот град во Украина.
Во разговорот, градоначалникот на Кременчук, ја прикажа моменталната тешка состојба за градот, нагласувајќи дека помошта од Битола е многу значајна во овие тешки денови и истата се пакува и доставува до граѓаните зависно од нивните потреби за одредени прехранбени продукти, лекови, облека или средства за хигиена.
Градоначалникот Коњановски нагласи дека Општина Битола и понатаму останува поддржувач на населението во Кременчук и посака што поскоро завршување на воените дејствија во Украина.
За хуманоста на Битола и градоначалникот Тони Коњановски, деновиве беше изразена благодарност и преку неколку официјални страници од Кременчук.
https://www.facebook.com/109679003985231/posts/508516497434811/