БИТ ФЕСТ: „СО БИТОЛА РАСТЕМЕ“ – ДЕТСКИ ЕДУКАТИВЕН ХЕПЕНИНГ

БИТ ФЕСТ: „СО БИТОЛА РАСТЕМЕ“ – ДЕТСКИ ЕДУКАТИВЕН ХЕПЕНИНГ

Детски едукативен хепенинг Здружение за развој на екологијата, туризмот и културната соработка ГРИН – ЛИСТ. Детскиот едукативен хепенинг Со Битола растеме е замислен како едно големо дружење на децата од предучилишна возраст. Хепенинг, во кој низ игра, песна и забава покрај едукативните се промовираа и историските, моралните, и социолошките вредности кои произлегуваат од средината во која ги стекнуваат своите први сознанија за себе и градот. На хепенингот (во форма на забава) од страна на децата се презентирани подзаборавени детски игри од типот: џамлии, народна, да бие да бие, ластик, петкамен и сл. но и на песничките: Нани нани детенце, Седнало маче, Врне, врне, дожд.., игри со гатанки и слично, со цел тие подзаборавени игри повторно се приближат кон децата. Креативноста на децата е стимулирана и со правење на основни форми од хартија летала, авиони, капи, бродови… но и со посложени елементи (оригами, орнаменти, арабески…) со што плоштадот Магнолија делуваше како една голема детска креативна работилница. Во склоп на хепенигот „Со Битола растеме“ се промовира и првата детска илустрирана мини- енциклопедија за градот Битола со едукативен карактер. Замислена е како извор за информации кои се однесуваат на Битола и нејзиното опкружување. Енциклопедијата има 16 колор страници, во кои се илустрирани факти за градот Битола почнувајќи од нејзината позиционираност во Р.Македонија (географски координати) преку химаната, грбот па се до современите архитектонски изрази. Самата енциклопедија тематски е поделена во неколку дела: историски, архитектонски, природни опкружувања (Пелистер) научни, и уметнички достигнувања (Браќата Манаки …), и занимливи факти за Битола, но и потеклото на топонинимите се со цел на најмладата популација да им се приближат информациите со кои растеле нивните родители, баби и дедовци.