БИТ ФЕСТ: СОЛСТИС – ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА

БИТ ФЕСТ: СОЛСТИС – ПРАЗНИК НА МУЗИКАТА

Во организација на Француската Алијанса во Битола со поддршка од Општина Битола, а во рамките на Битолското културно лето “Бит Фест 2018“, на 21 јуни традиционално, на најдолгиот ден во годината, се одржа “Солстис“ или Празник на музиката, со кој во Битола, се одбележа светкиот ден на музиката. Настаните се реализираа на 6 сцени: во Стара чаршија, на плоштадот “Магнолија“, на Широк сокак, до кафе бар “Јагода“.