Со необичните локации и внимателно селектираните изведувачи кои настапуваат со енергични диџеј сетови и настапи во живо, фестивалот Смотра претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура. Обединувајќи ги најдобрите таленти, осум години по ред, Асоцијација 615 успеа да изгради и одржи фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија. На овогодинешното издание настапија Томи Бојаџи и ДИАХ, a настанот се одржа на улица Фуштани во центарот на Битола.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/10/1-11-783x522.jpg)