Во Културниот центар „Магаза“, во рамките на Битолското културно лето „Бит Фест“ беше промовирана книгата „Нашето националистичко пијанство“ од д-р Александар Литовски. Книгата на 516 страници содржи 106 колумни на докторот по историја Литовски, кои се пишувани и објавени во неделникот „Глобус“ и во весникот „Слободен печат“, во периодот од 2015 до 2017 година.
На промоцијата присуствуваа претставници од централната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола, а пред присутните книгата ја претставија историчарката Љубица Јанчевска и поранешниот министер за култура, Ѓунер Исмаил.