На Новата сцена во НУ Центар за култура, беше одиграна театарската претставата на Бабец театар, насловена „Патувањето на еден облак“. Автор на текстот е Роберто Фрабети од Италија, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а актерската игра е на Соња Ошавкова и Веда Мавровска. Со оваа претстава која беше проследена од многубројна публика, започнува соработката на Бабец театарот со италијанскиот автор Роберто Фрабети, а претставата станува дел од новиот проект на Бабец театар „Театар од пелени“.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/08/bitolino-6-783x552.jpg)