БИТ ФЕСТ: ОПЕРАТА „ТАКА ПРАВАТ СИТЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА ОПЕРСКИ АНСАМБЛ ОД ОСИЕК

БИТ ФЕСТ: ОПЕРАТА „ТАКА ПРАВАТ СИТЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА ОПЕРСКИ АНСАМБЛ ОД ОСИЕК

Со својата прекрасна изведба, оперскиот ансамбл од Осиек, синоќа ја воодушеви многубројна битолска публика пред културниот центар Магаза, каде во рамки на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, беше изведена комичната опера во два чина „Така прават сите“ од В.А.Моцарт.

Комичната опера “Così fan tutte, ossia la scuola degli amanti”, либретистот Lorenco da Ponte и композиторот Volfgang Amadeus Mocart ја составиле со цел публиката да се забавува со темите и заплетите од секојдневниот живот, што Виенската публика срдечно ја прифатила, а подеднаков успех операта ја следи од праизведбата во 1970 година, до денес..

Операта „Така прават сите“ во Битол, беше изведена од страна на Оперскиот ансамбл при уметничката академија во Осиек.

Оперскиот ансамбл УАОС е формиран во 2010 година со цел оперското дејствување да биде јавно. Ги собираат поранешните и сегашните студенти на Уметничката академија во Осиек, професорите по музика како и гостите од земјата и од странство. Освен целосни оперски изведби, ансамблот изведува и концертни настапи на опери и оперети, но и на други вокални дела од музичката литература.

Оперскиот ансамбл, во полн состав, брои 10 вокални солисти, 20 членови на хорот и 28 членови на оркестарот и е единствен оперски ансамбл во Република Хрватска што за само неколку години дејствување успеал  да се запише на картата на културни настани со презентирање на уметничките квалитети и потенцијали пред домашната и странската публика. Уметнички директор на ансамблот е проф. Берислав Јерковиќ.

Во синоќешната изведба учествуваа: Габриела Шкрабал – сопран, Мирна Видовиќ – мецосопран, Ања Папа – сопран, Стеван Каранац – тенор, Борис Шили – баритон, Берислав Јерковиќ – баритон, Анте Блажевиќ – пијано придружба.