Во НУ ЗМГ се одржа пијано концерт во четири раце со пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. Дуото пијано во состав Билјана Димовска-Татјана Божиновска делува повеќе години, а на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“ – Битола, „Битфест“ – Битола, „Златна лира“ – Скопје итн. Во 2013 година го имаат снимено и своето прво ЦД.
Публиката оваа вечер имаше можност да проследи повеќе програмски содржини, како: F. Schubert – Phantasie in f-moll оп.103, F. Chopin – Variations in D-dur. M. Tajcevic / B. Svetiev – Sedam balkanskih igara и C. Saint-Saëns – Danse Macabre.
Концертот е дел од програмата на Бит Фест 2018.