„Dreams“ е насловот на изложбата која оваа година, Фото – кино клубот од Битола, ја организираше, како дел од програмата на Бит Фест. Иако на многумина насловот на изложбата им звучи прозаично, сепак кога е во прашање уметничката фотографија, тоа се трансформира и поприма многу поширока димензија во слободата на изразување на самите автори. Станува збор за несекојдневна изложба, која едноставно се наметна како предизвик да се поминат границите на свесното, и преку своите дела фотографите да се обидат да допрат до другата страна, до несвесното.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/foto-izlozba-4-783x483.jpg)