БИТ ФЕСТ: ЗАПОЧНА ПЕТТАТА БАЛКАНСКА КОЛОНИЈА НА РАКОТВОРЦИ

БИТ ФЕСТ: ЗАПОЧНА ПЕТТАТА БАЛКАНСКА КОЛОНИЈА НА РАКОТВОРЦИ

Со повеќе активности вчеравечер беше означен стартот на јубилејното – петто издание на Балканската колонија на ракотворци. Повторно и годинава пред широка јавност 20 ракотворци ќе создаваат нови дела со традиционални техники. Дел од програмата на Балканската колонија на ракотворци е и првата самостојна изложба на Емил Димоски, професор по физика од Прилеп кој изработува макети / минијатури од старите селски куќи, а мотивот кој ракотворците ќе го изработуваат е предлог идејното решение за битолскиот Чкембар изработен од турскиот уметник Рамазан Ајкилич. Едукативните содржини се фокусирани на традиционалнаа турска метода ЕБРУ и на древната вештина за изработување накит од жица ( wire wrapping ). Вечерните настани ( оff програма) се посветени на поетските изразувања на младата Дијана Дурлевиќ и Илко Димитриески, а посебно е задоволството што годинава со своја изложба ќе се претстави и македонскиот кандидат за Нобелова награда Живко Поповски -Цветин,  одбележувајќи го своето тридецениско галериско искуство.