БИТ ФЕСТ: „ДЕВОЈЧЕТО СО ДОЛГАТА КОСА“ – СТЕФАНИЈА МИЛЕВСКА

БИТ ФЕСТ: „ДЕВОЈЧЕТО СО ДОЛГАТА КОСА“ – СТЕФАНИЈА МИЛЕВСКА

„Девојчето со долгата коса“ е авторски соло перформанс, изработен по текст, режија, кореографија и идеја за музика на Стефанија. Идејата е откривање на себеси како единка која се наоѓа на ова македонско тло, носејќи ги со себе менталитетот и културата кои влијаат врз градењето на една личност. Со акцентирање на детето, кое прераснува во возрасна и свесна личност, повторно се враќа на основните и суштински детски потреби и вистинските вредности како хуманост, љубов и среќа. Тие водат кон подигнување на свеста и осознавање на духовната слобода. За самиот перформанс е изработена оригинална авторска музика (Mark Purpose) и текст (Стефанија). Емотивните состојби ќе бидат изразени преку различните стилови на авторска музика, со примеси на македонска етно музика. Дејствието на перформансот се одвива во 5етапи како различни разработени теми преку текст, музика и танц. Стефанија има за цел на овој начин да ја подигне свеста и да провоцира основни прашања кон себеспознавањето. Да акцентира колку еден човек е важен да се пронајде и открие, па така на позитивен начин да влијае на колективната свест. Се претставува како комплетен артист, пренесувајќи посебен однос кон сцената на современиот македонски уметник.