На отворањето на седмата меѓународна манифестација ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска и театарска акамедија „ЕСРА“, Јордан Плевнеш, го претстави годинешниот добитник на наградата „ГРАН ПРИ ЗА ПОЕЗИЈА 2017“ за странски автор, големото француско поетско име Иг Лабрус.Во програмата на првиот ден од манифестацијата беше изведен сценско-драмскиот рецитал „За Македонската Библија“ од Зоран Пејковски, во изведба на актерите од Прилепскиот народен театар, а беше отворена и изложба на 12 француски сликари по повод 100-годишнината од Првата светска војна.Како дел од програмата на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, беа доделени и наградите:„Книжевен круг“ за книжевна критика, поезија и проза, за автори од Македонија, „Мозаик“ (за достигнување на странски автор) и „Лингва“ (за превод и афирмација на македонската литература)Наградата Книжевен круг за поезија им беше доделена на Санде Стојчевски и Славчо Ковилоски, наградата „Мозаик“ им беше доделена на писателките Вања Ангелова од Бугарија и Билјана Миловановиќ – Живак од Србија и писателот Флорин – Чоча од Романија. Последната награда за превод и афирмација на македонската литература ѝ припадна на писателката од Република Србија, Снежана Алексиќ Станојловиќ. Пишува на српски и македонски јазик. Нејзини песни се препеани на англиски, хрватски, италијански, бугарски, албански, турски, арапски, словенечки и унгарски јазик. Преведува и македонски автори на српски јазик. Па според тоа годинава, Битолскиот книжевен круг ѝ ја доделува наградата „ЛИНГВА“ за превод и афирмација на македонската и српската литература. На првиот ден од манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ со свои дела се претставија и повеќе домашни автори.