Голем број битолчани, на Плоштадот Гоце Делчев уживаа во двочасовната музичка забава со белградскиот алтернативен рок бенд С.А.Р.С, кој настапи во рамките на фестивалот „Битола отворен град“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето Бит Фест. Фотографиите можат да доловат дел од атмосферата на оваа несекојдневна забава во Битола исполнета со комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика, во која битолчани заедно со С.А.Р.С ги пееја познатите хитови.
Покрај “С.А.Р.С.“ на плоштадот за битолчани настапија и „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.