БИТ ФЕСТ: „БИТОЛА ВО МИНАТОТО“

БИТ ФЕСТ: „БИТОЛА ВО МИНАТОТО“

„Зошто БИТОЛА е најубавиот град,  и тоа не само на Балканот,туку насекаде!
Но, ме боли што вие, заслепени од суетите и секојдневните обврски и грижи, не можете да го видите и почувствувате како што го гледам и чувствувам јас. Јас тоа го правам и со затворени очи – знаеше да каже Ајри, нашиот битолчанец“-..почесниот граѓанин на Битола. (пренесува Бабам Битола) Уште една можност да се застане, да се размисли, да се чувствува… Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик, така, како што времето ја креирало својата сегашност, на начин, на кој што се создавала историјата. На местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван џамиски комплекс во Битола, комплексот Хаџи беј, кој е во состав на старата битолска чаршија, во денешниот кафе бар „Бар – чаршија“, во рамките на БИТ ФЕСТ 2017, а во организација на Бабам Битола, Битола стари фотографии и Градот на Конзулите, во понеделникот беше отворена изложбата „Битола во минатото“, Изложбата претставува вистинска прошетка низ времето, обичаите и навиките, сокаците, градбите и другите значајни делови кои ја креираат богатата историја на Битола низ вековите. Посетителите на оваа изложба имаа можност да погледнат околу 300 изложени фотографии, а над 3000 фотографии беа прожектирани во слајдови. Секоја целина претставува своја приказна која на присутните им беше доближана на најексплицитен начин, за некого делумно потсетување, а за друг запознавање – денес – со „Битола во минатото“. Изложба која раскажува, зборува и за која ќе се зборува.
Настанот кој е дел од Битолското културно лето Бит Фест, имаше и хуманитарен карактер.