БИТ ФЕСТ:КОНЦЕРТ НА ТРИО ЏЕНТЛМЕН

БИТ ФЕСТ:КОНЦЕРТ НА ТРИО ЏЕНТЛМЕН

Во прекрасниот простор на Културниот центар  Магаза, гостите имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на Трио Џентлмен.Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев -тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор. По урнекот на светските поп – класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат  да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони,шпански песни, руски романси и секако македонското творештво.