БИТОЛЧАНКИТЕ СО „ЗЛАТНИ“ И „СРЕБРЕНИ“ УСПЕСИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКИ ТАНЦ, НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ

БИТОЛЧАНКИТЕ СО „ЗЛАТНИ“ И „СРЕБРЕНИ“ УСПЕСИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СПОРТСКИ ТАНЦ, НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше прием на репрезентативките на Македонија во спортски танц кои во категоријата JUNIOR 2 и дисциплината Choreographic Latin освоија медали во финалето на Европското Првенство, кое се одржа на 04 октомври во Белград.

Битолчанките Ана Талевска, Анастазија Петковска, Антонија Гајтановска, Бојана Бејковска, Вања Атлагиќ, Јована Крајческа, Катја Козарова, Меланија Паневска и Никита Ангеловски го донесоа првото злато од европските првенства за Македонија во спортски танци.

Делот од репрезентацијата на Македонија во спортски танц во категоријата возрасни и дисциплината Choreographic Latin, Зорица Симјановска, Maja Крстевска, Мила Димовска, Софија Богевска и Тамара Панова го освоија второто место во финалето обезбедувајќи сребрен медал, а од нив подобри беа претставници на Унгарија. Двата тима беа предводени од нивниот долгогодишен тренер Јагода Димовска.

Градоначалникот Тони Коњановски изрази големо задоволство од успесите на нашите девојки, кои се веќе докажани во светот на танцот, испишувајќи историја за градот и за државата. Тој им посака и во иднина да редат успеси и да освојуваат уште многу медали на натпреварите, во кои што ќе ја докажуваат нивната умешност и талент за спортските танци.