БИТОЛА ЈА ПОДДРЖУВА  АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

БИТОЛА ЈА ПОДДРЖУВА АКЦИЈАТА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

„Заблескај светлина на климатските промени“ е овогодинешното мото на светската волонтерска акција со еколошки карактер која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето од еден час да испрати силна порака за спас на планетата Земја во која милион луѓе од целиот свет се здружуват за да ја нагласат итната потреба да се одговори на проблемите од климатските промени.

Во сабота, во Битола од 20:30.часот до 21:30.часот ќе се случи големата еколошка акција со исклучување на светлата на фонтаната Филип II, осветлувањето во паркот кај Саат -Кулата и фасадното осветлување на Саат-Кулата, светски настан кој Општина Битола секоја година го поддржува.

Часот на планетата Земја е заеднички момент на обединетост на повеќе од 170 градови ширум светот кои активно се борат против големите еколошки загадувања и брзите климатски промени кои ја пресретнуваат планетата Земја. На последната средба во Париз, на самитот за климатски промени, водачите на 196 земји заеднички го отворија прашањето за сериозноста од климатските промени каде колективно се повикаа на итност и сплотеност во носењето на одлуки за спас на планетата Земја.

Општина Битола и оваа година ќе биде дел од големата еколошка акција со историски приказ на исклучување на светлата на зградите, мостовите, универзитетите и знаменитостите.

Акцијата ќе се случи по наше локално време од 20:30.ч до 21:30.ч за поддршка во борбата против климатските промени.

Повеќе информации на следниот линк http://www.worldwildlife.org/pages/earth-hour

earth hour