Во организација на основното училиште „Даме Груев“ и со поддршка на општина Битола, во Кристалната сала на Офицерскиот дом вечерва голема поддршка добија македонските претставници на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.
Со знамиња, транспаренти и други навивачки реквизити, битолчани, меѓу кои и градоначалникот Тони Коњановски, како и професорите и учениците од основното училиште „Даме Груев“, каде што учат нашите евровизиски претставници, со громогласен аплауз и овации го дочекаа и испратија настапот на Ана и Андреј, на детската Евровизија, која се одржува во шпанскиот град Мадрид.
За прв пат од одржувањето на детската Евровизија, имаме битолски претсавници, кои одлично не претставија во Мадрид, со својот сценски настап и музичка изведба на песната „Маратон“.
Градоначалникот Тони Коњановски, пред заминувањето во Шпанија, ги прими во својот кабинет Ана и Алексеј и изрази задоволство што овогодишните претставници се токму две млади лица од нашиот град, кои ја претставуваат Македонија и Битола, при што им посака успех и желба за што поголем пласман на овој настан.