Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на новогодишната приредба „Бајка за еден магичен свет“, организирана од страна на основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола. Низ игра и песна, со многу радост и насмевки, беа пренсени пораки за убавината и волшепството на празничната магија.
Градоначалникот Коњановски, заедно со Дедо Мраз, по повод претстојните празници ги израдуваа децата од оваа установа со новогодишни пакетчиња.