БАДНИКОВА ПОВОРКА ПРЕД ОПШТИНА БИТОЛА

БАДНИКОВА ПОВОРКА ПРЕД ОПШТИНА БИТОЛА

Голем број деца, а помеѓу нив и родители, чекорејќи во Бадниковата поворка, покрај Божиќната пештера и ѕвездите, пеејќи ја прекрасната Божиќна песна „Вечниот Бог“, денес во Битола радосно го наговестуваа Христовото раѓање. Големата коледарска дружина, пред зградата на општина Битола, со пригодни подароци, ја пречека градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска. „Денес е големиот празник Бадник, ден пред големиот значен, христијански празник – Божиќ. Особено ми е важно, што во оваа прилика низ детските насмевки што ги гледам и сјајот во нивните очи, уште еднаш се потсетуваме, како возрасни, дека топлината во нашите срца, љубовта едни кон други, е всушност најзначајниот сегмент од нашето живеење и дека, токму тоа е она што треба да го носиме во текот на целата година, зошто само на таков начин, ќе умееме едни кон други да изградиме доверба и да направиме сите заедно за нас да биде подобро, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска. Бадниковата поворка продолжи низ Широк Сокак, а потоа во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.