АСФАЛТ ЗА УШТЕ ДВЕ НОВИ УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

АСФАЛТ ЗА УШТЕ ДВЕ НОВИ УЛИЦИ ВО ДОЛНО ОРИЗАРИ

Нови две улици (9-та и 17-та) во Долно Оризари во должина 335 метра добиваат асфалт, во вредност од 1.860.000 денари.

Заедно со претходните 5 улици, ЈКП „Водовод“ менуваше водоводни приклучоци во вредност од 324.000 денари, а КЈП „Нискоградба“ работеше на подигнување на шахти и нови капаци, во вредност од 480.000 денари. Проектот го реализира Општина Битола, а  администрирањето се врши преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во градежните активности, при што се сретна и со дел од локалното население. Тие искажаа огромна благодарност, затоа што по 40 години некој се сетил на нив.

Со овие активности, до моментов, оваа локална самоуправа и градоначалничката Петровска, во Долно Оризари инвестира околу 6,5 милиони денари во над 2700 метри квадратни покриена кал низ улиците.

Во тек е постапката за реконструкција на нови 7 улици во Долно Оризари.