АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА“

Градежните активности за реконструкција на улицата „Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.
За време на денешното асфалтирање на улицата, увид на работата на терен изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој информираше за комплетното уредување на овој простор, кое се реализира преку проектот за реконструкција на ул.„Македонска фаланга“ и вклучува промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување.
Улицата „Македонска фаланга“ е 11 та улица која се финализирана оваа градежна сезона, како дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во 2022 година.