АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ “ ВО МАЛ ПАРИЗ

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ “ ВО МАЛ ПАРИЗ

Започна асфалтирањето на улицата „Даме Груев“ во населбата Мал Париз во Општина Битола. Првата фаза со изградба на улицата е започната во 2016 година, а завршните активности на инвестицијата се очекува да завршат во 2017 година со вкупна должина од 1260 метри. Градоначалникот, д-р Владимир Талески изрази голема благодарност до жителите на населбата за трпението при реализација на сите досегашни активности од двете фази, додека жителите на улицата покажаа искрено задоволство и разбирање за надминување на проблемите со кои беа соочени. “Денес  се наоѓаме во Мал Париз, населба која имаше голем број проблеми за решавање, односно голем дел од куќите не беа легализирани и се водеа како диви градби.  По легализацијата на објектите и градбите започна првата фаза на инвестиција, односно беше заменета канализационата мрежа во должина од 1100 метри со вредност од 9 милиони денари, а по завршената експропријација се изготви и проектна документација која даде можност да се асфалтира нова коловозна лента со должина од 1260 метри со вкупна инвестиција од 28 милиони денари, односно вкупната инвестиција во Мал Париз е 37 милиони денари“ – изјави Градоначалникот д-р Владимир Талески. На денешната прес конференција Градоначалникот потсети дека оваа градежна сезона општината ќе интервенира на повеќе локации, а во програма на Општина Битола, за втора фаза на изградба ќе влезат и другите улици од градот.