АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД СРЕДА СО ФИЗИЧКА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД СРЕДА СО ФИЗИЧКА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Општина Битола, настојувајќи да овозможи електронско аплицирање за сите граѓани кои беа заинтересирани за јавниот повик за субвенционирање на инвертер клима уреди, одлучи истото да го спроведе преку платформата мЗаедница.

При почетокот на аплицирањето се појавија технички проблеми, кои и покрај интервенцијата од страна на тимот на мЗаедница кој управува со оваа апликација, не се потврди дека истата ќе функционира без нови проблеми, при истовремено користење од страна на поголем број корисници/апликанти.

Од оваа причина, Комисијата за човекова средина, одржа итен состанок, при што беше одлучено, аплицирањето да започне во среда со физичка достава на потребната документација во архивата на општина Битола.

Потребната документација е наведена во јавниот повик (истата е непроменета и треба да биде дополнета со барањето во прилог на јавниот повик). Рокот за достава на апликациите се продолжува за два дена, односно ќе трае до 12.04.2023.

Линк до јавниот повик https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-inverter-klima-uredi/