Советот за превенција при Општина Битола со кој претседава градоначалничката Наташа Петровска, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во текот на денот реализира активност за безбедност во сообраќајот заедно со дечињата од детската градинка „Мајски Цвет“. Дечињата ја проследија претставата „Безбедно дете“, а потоа боеја на боенки со истата содржина.
Оваа активност ќе се спроведе и во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.
Членовите на Советот за превенција ја проследија едукативно информативната работилницата во функција на поголема видливост на Советот за превенција и зголемена соработка со граѓаните и граѓанскиот сектор. На работилницата се разработуваа и теми за законската рамка за делување на ова тело и неговите надлежности.
Сите активности се во рамките на проектот „Здружени сме посилни и побезбедни“ на ЗГ Медиа Плус од Штип , во рамките на програмата Цивика мобилитас.