АКАДЕМИЈАТА „ЗА-НЕД-ДО“ СО ОСВОЕНИ 27 СВЕТСКИ МЕДАЛИ

АКАДЕМИЈАТА „ЗА-НЕД-ДО“ СО ОСВОЕНИ 27 СВЕТСКИ МЕДАЛИ

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

Како минатата така и оваа година Академијата „ЗА-НЕД-ДО“ на Светското првенство за борби и боречки вештини во Хаген – Германија се закитија со многубројни медали. Екипата која учествуваше на првенството броеше 16 членови, кои се од различни возрасти и се бореа во различни категории. Достигнувањето на оваа екипа на ова Светско првенство брои 27 медали. Тие денес остварија средба со градоначалникот д-р Владимир Талески кој им упати искрени честитки за бројните медали и се заблагодари за афирмацијата на Битола и Република Македонија во Германија.

„ Денес не посетија шампионите, нашите млади шампиони спортисти кои се пример за сите нас. Децата кои што со својата вистинска природа, со својот искрен однос, со својот квалитет се наметнуваат навистина се добар пример и за нас повозрасните, да видеме како тоа од срце се прави. Спортисти за поздравување, но и креативци. Сигурен сум дека ова што се прави е одлична работа, затоа што на ваков начин покрај тоа што се занимаваат со спорт, се занимаваат со вистинска работа, учат дисциплина и се социјализираат. Им честитам на луѓето кои што се грижат за нив, за нивните тренери “, истакна градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.