ФАКТИТЕ,НАСПРОТИ ЛАЖНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД СЈО

ФАКТИТЕ,НАСПРОТИ ЛАЖНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД СЈО

Со комплетна документација, докази и факти, градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, денеска повторно го демантираше специјалното јавно обвинителство. Документацијата која денеска беше изнесена пред медиумите е уште еден доказ за чесноста, посветеноста и транспарентноста во работењето на локалната самоуправа.

„Член 6 од договорот од јавната набавка за превоз на ученици, вели: За направената услуга од страна на извршителот (оној кој превезува), корисникот на услугата (училиштето) ќе му исплаќа надоместок врз основа на доставена фактура во рок и цени во согласност со понудата во тендерската документација која е составен дел на овој договор“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, со што комплетно се демантираат изјавите на специјалното јавно обвинителство.

Градоначалникот Талески, нагласи дека вчерашната прес конференција на СЈО покрај лаги и навреди за градоначалникот, предизвика и револт кај некои граѓани, што резултираше со оштетувања на општинската зграда, за што, градоначалникот смета дека фактурите треба да ги подмири Фатиме Фетаи, која пак неколку часа после одржаната прес конференција на СЈО, се себедемантираше и од медиумите побара да не ја објавуваат сумата која беше изнесена како обвинување за финансиската штета која наводно ја направил градоначалникот на Битола. Тоа претставува уште една потврда на лажнното информирање на јавноста од страна на СЈО.

PressSJO2-2016-1 PressSJO2-2016-2 PressSJO2-2016-3 PressSJO2-2016-4