Денес започна асфалтирањето на улицата „Партизанска“ во Битола, во должина од 730 метри и вкупна вредност на проектот за реконструкција на улицата од 35.789.452 денари. Улицата се асфалтира во должина од 730 метри.
Од вкупната инвестиција, 13.857.940 денари се средства кои Општина Битола ги обезбеди од Министерството за транспорт и врски, додека општината од својот буџет за овој проект инвестираше вкупно 21.931.512 денари во промена на водоводната мрежа, канализациони приклучоци и нов коловоз.