СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО“

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО“

На потегот од раскрсницата со улицата „4 Ноември“ до  раскрсницата со улицата „Никола Тесла“, денес се реализираат завршните активности од првата фаза на реконструкција на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ (поранешна Борис Кидриќ).

Вкупната инвестиција за комплетна реконструкција на оваа улица во должина од 538 метри изнесува 11.936.998 денари.

Коловозот е во вредност од 8 204 280 денари. Претходно на оваа улица беше извршена промена на водоводната мрежа во вредност од 3.732.718 денари.

Во втората фаза улицата ќе биде асфалтирана до поврзувањето со улица „Пеце Матичевски“.