Општина Битола учествува во реконструкција на седумте патни премини преку железничките пруги на територијата на Општина Битола, во соработка со Македонски Железници.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во градежните активности на преминот преку железничката пруга кај црквата Св. Недела и беше информирана за активностите кои се преземаат на терен, начинот на изведба и крајниот изглед на премините.
За овие зафати, Општина Битола издвои 3 милиони денари.