Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, оствари работна средба со директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска.
Целта на посетата на градоначалничката беше да добие информација околу актуелната состојба на организација во деветте воспитно образовни единици во рамките на оваа јавна установа, во однос на згрижувањето на децата во новонастанатата состојба со КОВИД-19.
Директорката Тфирст Митревска посочи дека во градинките се почитуваат сите протоколи, кои се зададени од страна на Министерството за здравство и насоките за одвивање на наставата зададени од страна на Министерството за труд и социјална политика. Групите работат со соодветниот број на деца и наставен кадар, онака како што е наложено во протоколите за работа, без никаков проблем. Постојано, ненајавено, во сите девет објекти се врши инспекциски надзор, а досега инспекциски увид извршиле Државнот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспектор од Министерството за труд и социјална политика, од каде што е дадена одлична оценка за работата на градинките.
Исто така, се разговараше и за тековните работења во градинките во други области, при што градоначалничката Петровска и директорката Тфирст Митревска ги договорија натамошните чекори на преземање на соодветните активности.