Општина Битола, во НУУБ „Св. Клиемнт Охридски“, како дел од нивните активности, го промовираше Електронскиот едукативен центар за дијабетес, под покровителство на Општина Битола.
„Во време во кое што во јавноста се пласираат голем дел информации по електронски пат кои што во себе носат многу омраза и погрешни информации, во едно такво море, во такви збирштини, да имате една ваква иницијатива на формирање на квалитетни содржини, кои што ќе подадат рака кон оној на кого насушно му е потребна, е вистински предизвик. Токму затоа, воопшто не постоеше дилема дали општината треба да помогне една ваква иницијатива, за да направи вистински и суштински поместувања, а за вистински и суштински производ, треба сите да се вложиме во тоа. Длабоко сум убедена дека експертизата на нашите битолски доктори, но и на нивните колеги од државата, пациентите и сите граѓани, ќе го исполнуваат овој електронски едукативен центар“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
На промоцијата се обратија и д-р Олга Лозановска, која зборуваше за пациентите со дијабет, медицинската сестра Василка Пауновска, а своја лична приказна за животот со дијабет раскажа 15 годишната Марија Петровска.
Претседателката на здружението Душанка Атанасовска изрази голема благодарност до сите помагачи на овој проект, особено до општината, која сесрдно го помогна овој нивни проект.