Во кугланата, во спортската сала „Боро Чурлевски“, како дел од Програмата по повод Денот на ослободувањето на Битола „4 Ноември“, синоќа се одржа градското првенство во куглање, во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер – 1982“ и „Пелистер ПИН“ – Битола.
На градското првенство зедоа учество вкупно 26 куглари, 16 во машка конкуренција и 10 во женска. После квалификациите, во финалето на турнирот „4 Ноември“ каде се избираше годишен градски првак се пласираа 4 куглари, кои имаа најдобри резултати.
Во женското финале победник беше Ивана Трајчевска со соборени 538 дрвца, второпласирана беше Даниела Ѓуровска со 473 соборени дрвца, а третопласирана беше Стефанија Алексовска.
Во машкото финале победник е Цане Поповски со 573 соборени дрвца, второпласиран беше Никола Андоновски со 550 соборени дрвца, а на трето место е Игор Михајловски.
Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски им ги додели медалите и дипломите на најдобрите во годинашното градско првенство, им честита на победниците и посака идната година, бројот на пријавени куглари да биде поголем.
Посебно признание му беше доделено на двајца ветерани во кугларскиот клуб Пелистер, кои во изминатите години дадоа голем придонес и заложба за опстанок на клубот.
Плакети за посебен развој на кугларскиот спорт во Битола добија Цане Колев и Цане Поповски за 40 години во куглањето во Битола.