ПРЕТПОСЛЕДНА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ „ЕВРОПА НА ВРАТА“

ПРЕТПОСЛЕДНА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ „ЕВРОПА НА ВРАТА“

Петтата претпоследна сесија од проектот „Европа на врата“, чиј партнер е Општина Битола, неодамна се одржа во Белград, Република Србија.

Целта на оваа сесија беше да се предложат и да се изнајдат решенија наменети за помладата популација како одговорни граѓани и нивната рефлексија за визијата на Европската иднина. На сесијата беше претставена публикацијата EUDoor,  која ги опфаќа добрите практики на мрежата на градови вклучена во проектот, меѓу кои и Битола. Во публикацијата се сместени четири поглавја: Локации каде што младите ќе бидат ангажирани, Идеи од страна на младите за вклученост во заедницата, Реално учество на младите во заедницата и Кампањи од и за младите.

Како позитивен пример за младинско ангажирање од Битола, кој преку партиципацијата на младите придонесува во нивно ефикасно вклучување во општествената сфера на живеење, волонтирање и други облици на делување,  во соработка со Општина Битола, во публикацијата е претставен Младинскиот културен центар од Битола.

Во рамките на работните сесии, покрај конференцијата на која учествуваа амбасадори и претставници од земји членки на ЕУ, говореа и претставници на земји кои се кандидати за членство во ЕУ. Во работниот дел се одржа и  средба со дел од пратениците на Собранието на Република Србија.

Проектот „Европа на врата“ е предводен од локалната самоуправа Вила Боа ду Бишпо од Португалија, заедно со партнерски организации, општини, граѓански организации и институции од Бугарија, Хрватска, Естонија,Грција, Италија, Латвија, Северна Македонија, Полска, Романија и Србија. Проектот има за цел да ја доближи Европа и нејзините институции до жителите на континентот на прагот на годината на изборите во ЕУ во 2019 и 2024.

На последната, шеста сесија од проектот, домаќин ќе биде Општина Битола.