ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ

ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност , целни вредности и долгорочни цели ( Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 150 µg/m3  во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерните станици Битола 1 и Битола 2

За период Битола 1 Битола 2
18.01.2019 178.665 ( µg/m3) 276.088 ( µg/m3)
19.01.2019 309.776 ( µg/m3) 291.253 ( µg/m3)
20.01.2019 243.186( µg/m3) 267.007( µg/m3)

Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство, во случај на надминување на прагот на алармирање за PM10, односно:

  • сите правни субјекти ( работодавци ) да ги ослободат од работните обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста со препорака на матичен лекар, да го реоранизира работното време и лицата кои работат на отворено од 11:00 до 17:00 часот и да не се организираат спортски и други културни манифестации на отворено.
  • да се зголемат активностите на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
  • единиците за локална самоуправа во соработка со Црвен Крст и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари и осамени лица преку организирани посети.
  • препорака до сите инсталациите кои што поседуваат А-ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50%) не вклучувајќи ги инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.
  • органите на државна управа , заводите , јавните претпријатија и АД во државна сопственост, агенциите, фондовите, бироата како и единиците на локална самоуправа да ја намалат ( до 50%) употребата на службени возила.
  • да се користи јавниот превоз
  • возилата да не се користат без поголема потреба
  • повеќе лица да се возат во едно возило во исто време
  • да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтатички материјал
  • правилно да се користат печките на дрва
  • спроведување на краткорочните мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух
  • зајакната инспекторска контрола на ракувачите со отпадни масла ( колку се увезени, колку се складирани како отпад, како се третираат ) и да вршат зачестена контрола на сервисите кои работат со промена на маслата.
  • ограничување на работите на градежните објекти

Министерството за здравство и  Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки:

  • се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци односно суплементи.
  • хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.