ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, Сојузот на борци и претставници на политичките партии, денес, по повод 9 Мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, оддавајќи почит кон борците од Народно ослободителната борба, положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Како дел од активностите за одбележување на Денот на Европа, пред три дена во Битола, беше отворена Европската куќа, каде  младите луѓе ќе можат да разговараат за прашања од нивни интерес, но и за теми поврзани со европската иднина на државата.