Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска во Офицерскиот дом го отвори турнирот во брзопотезен шах, организиран од страна на Шаховскиот клуб Стево Патако од Битола и Шаховскиот клуб Прилеп.
Натпреварите во шах се одиграа на систем 9 кола швајцарски систем според ФИДЕ правилата за брзопотезен шах каде играчите добиваа по 5 минути со додаток 3 секунди по потег.
Првото место на турнирот го освои битолчанецот Гоце Гецовски, второто Кире Николоски од Прилеп, а третопласиран е Дејан Ѓоргески од Прилеп. Најдобро пласиран играч до 18 години е Марјан Христовски од Битола.
За најдобрите шахисти предвидени се парични награди.