Во тек се реконструктивни зафати на спортските терени во училишниот двор на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овие терени ќе бидат наменети за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка, заедно со потребните спортски реквизити.
Градоначалничката на Општина Битола, тимот кој што работи на овој проект и директорката на училиштето, извршија увид во теренските активности и беа запознати со динамиката на изведба. Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари.
Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќноте часови, а просторот ќе биде хорикултурно уреден. Локалните жители истакнаа дека во овој дел од градот има многу деца и изразија задоволство што децата наскоро ќе имаат можност да ги користат спортските терени за повеќе активности.