НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! ДА ЈА СОЧУВАМЕ САМОСТОЈНОСТА, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! ДА ЈА СОЧУВАМЕ САМОСТОЈНОСТА, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!

По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, денеска пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, Сојузот на борци и политичките партии. Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до сите граѓани на Република Македонија:

„На овој голем ден се потсетуваме на идејниот и борбен влог на секој поединец, на секој Македонец, кој години наназад сплотувајќи ја својата мудрост и храброст со своите сограѓани и соборци, давал личен придонес во создавањето на македонската држава. Борејќи се против окупаторските стеги и асимилаторските политики, нашиот народ, ја достигнал слободата, а пред  31 година, со референдумското ДА, како Македонци потврдивме дека нашата желба и заложба е да живееме во самостојна, суверена и независна, Република Македонија.

Денес, во ова тешко време, соочени со економски и политички предизвици, наша должност е да го сочуваме она за што се бореа генерации пред нас и преку заедништво и сплотеност, да создадеме подобра иднина за генерациите кои доаѓаат. Зачувувајќи ги нашите идентитетски обележја, преку добро управување и градење пријателства, да работиме на Европските и светски перспективи, во економска, културна и политичка смисла.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! ДА ЈА СОЧУВАМЕ САМОСТОЈНОСТА, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!“, порача Коњановски.