НАД 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БИТОЛА ОД ВЛАДАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

НАД 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА БИТОЛА ОД ВЛАДАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

Над 5 милиони, поточно 5.054.762 денари е издвоениот износ за Општина Битола, по реализираниот јавен повик на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, објавен од страна на Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на 17.05.2019 година.

Согласно јавниот повик за избор и рангирање на најзагадените градови/општини кои ќе бидат корисници на опремата од дел IV, точка 2 (2.1.1 – Горилници на плин (гас), АЦ Инвертер клими, ВРФ Систем, Топлински пумпи) од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година (Службен весник на РСМ 18/19 од 28.01.2019 година), Комисијата за спроведување на постапката за избор на корисниците-градовите за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, одлучи да издвои 5.054.762 денари, за која вредност ќе биде набавена опрема, согласно доставените проекти.

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за објектот/објектите, за кои ќе биде наменета опремата.