Преполна сала со позитивни овации за госпел музиката во НТБ Битола
На сцената на НТБ – Битола за прв пат со своја изведба пред битолската публика и многубројните туристи во рамките на јубилејниот десетти по ред БИТ ФЕСТ 2015, со традиционална-госпел музика се претстави Howard Gospel Choir од Америка.
Во преполната сала пред задоволната публика, американскиот универзитетски госпел хор HGC, се претстави со музички црковни композиции за христијанството и Исус Христос.
Хорот е една од најголемите институции кој повеќе од четири децении ја негува афроамериканската култура во САД. Нивното творечко мото е да и служат на вистината и вербата, преку интерпретацијата на духовна музика.
На својата европска и балканска турнеја HGC хорот настапува под диригентско водство на Региналд Голден, првенец на Универзитетот Харвард од Кливленд Охајо.