КОМФИ АНГЕЛ ДОНИРАШЕ 25000 МАСКИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

КОМФИ АНГЕЛ ДОНИРАШЕ 25000 МАСКИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Во рамките на редовните активности за посета на основните и средните училишта, со цел да изврши увид во работењето во новонастанатите околности, градоначалничката Наташа Петровска го посети ОУ „Д-р Трифун Пановски“ и оствари средба со директорот Пецо Димовски. Таа беше беше запозната со текот на активностите за изведување на наставата со физичко присуство од прво до трето одделение, како и за он лајн наставата од четврто до деветто одделение.

Воедно, беше информирана за распределбата на маските за еднократна употреба наменети за учениците, донација од компанијата „Комфи Ангел“, која за основните училишта во Општина Битола донираше 25.000 маски.

„Во овие специфични околности во кои шо се наоѓаме, а кои што влијаат врз образовниот процес, особено ми е значајно континуираното следење на условите и можностите во самите образовни институции. Тоа е целта на денешната моја посета на ова училиште и со директорот разговаравме како се одвива наставата и дали се воочени некакви проблеми кои што општината со соодветен пристап може да ги реши. Покрај општината и МОН, кои се целосно внесени во адаптација на условите, особено ни значи придонесот од компаниите, како што е во случајов „Комфи Ангел“, која донираше 25.000 детски маски, за користење на децата кои посетуваат настава со физичко присуство“, рече Петровска.

Маските се распределени според соодветниот број ученици во секое основно училиште. Во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ се доделени 1500 маски.Директорот Пецо Димовски посочи дека засега наставата со физичко присуство се одвива без проблеми за трите одделенија, а училиштето е обезбедено со сите потребни средства за одржување на хигиената.

„Имаме околу 150 деца кои присуствуваат со физична настава во нашето централно и подрачните училишта. Благодарение на градоначалничката и општината, обезбеден ни е интернет, компјутери за непречено одвивање на настава и досега немаме проблеми при одвивање на наставнот процес“, посочи Димовски.