На крајот на десеттиот јубилеен БИТ ФЕСТ 2015, битолскиот фотограф, Сашо Ристевски, имаше посебна чест и прилика пред битолчани, неговите верни колеги и пријатели да ја изложи седмата традиционална изложба насловена „ Најдобрите моменти од настаните на десеттиот БИТ ФЕСТ“
Ристевски во двомесечниот изминат период редовно и професионално преку објективот на фотоапаратот ги доловуваше најдобрите моменти на сите 200 настани што се реализираа од програмата на најдолгото културно лето во државата, БИТ ФЕСТ 2015.
Изложбата беше поставена во Магазата во Битола како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.