Во 8.00 часот утрово, успешно започна аплицирањето на граѓаните – жители на Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
При аплицирањето евидентен е голем интерес, при што дел од граѓаните поднесоа успешни апликации.
Дел од граѓаните заради непотполно следење на инструкциите дадени во упатството за аплицирање, сепак ги мултиплицирале барањата, со секое ново, поништувајќи го претходното.
На овој начин се создаде и слика дека дел од корисниците неправилно го користат системот. Притоа, поради ваквиот голем наплив се создаде технички проблем, на чие решавање работи софтверската компанија.
Сите успешно поднесени барања се внесени во базата на податоци. Сите граѓани кои аплицирале, ги замолуваме статусот на својата пријава да го проверат на својата мејл адреса.
Времетраењето на прекинот за поднесување на барања, ќе биде соодветно надополнет со продолжување на рокот.
Во најбрз можен временски рок веб страната btsubvencii.mk повторно ќе биде активна за поднесување на нови барања.
Се молат граѓаните при аплицирањето да ги следат претходно дадените инструкции во упатството за аплицирање.