Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска донираше книги со Брајово писмо во НУУБ „Свети Климент Охридски“. Со зголемувањето на библиотечниот фонд со овие лектирни изданија, се овозможува нивна достапност и за децата со оштетен вид.
Донацијата се реализира по повод Меѓународниот ден на Брајовата азбука 4 Јануари, а се состои од повеќе примероци на книгите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографија на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери.