Во рамките на овогодишното издание на фестивалот БИТ ФЕСТ, во малата сама на НУ Завод и Музеј Битола се одржа промоција на книгата на д-р Роберто Трајковски, со наслов „Вермахтот и Македонија (1943 – 1944 година)“.
Пред публиката на промоцијата се обрати д-р Александар Литовски, историчар, осврнувајќи се на делови од содржината на книгата и нејзиното значење.За книгата и мотивите за нејзиното создавање зборуваше и авторот д-р Роберто Трајковски.