Со претставата „Јулие Цезар (Res Publica – Cosa Nostra)” , во режија на Златко Паковиќ, а во изведба на ансамблот на Народниот театар од Битола, беше отворен шестиот „Битола Шекспир фестивал”.
На годинашниот „Битола Шекспир фестивал“, најавени се: атрактивен, а капела Шекспир концерт и 11 театарски претстави кои ќе ги изведат над 500 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и од Македонија.
На фестивалската програма годинава се и претставите „Ричард Трети“ на театарот „Гавела“ од Загреб. Театарот од Темишвар ќе настапи со „Шекспир сонет 66“, а од Букурешт ќе ја изведе претставата „Хамлет“. Актерите од театарот „Верди“ од Задар ќе настапат со „Отело – незаконита литургија“, а Академскиот руски драмски театар од Казахстан ќе ја изведе претставата „Ромео и Јулија“.
На 30 јуни, „Битола Шекспир фестивал“ ќе биде затворен со Црногорскиот народен театар од Подгорица кој ќе ја изведе претставата „Зимска бајка“ во режија на Дино Мустафиќ.