БИТОЛСКАТА ТППЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ОПРЕМА

БИТОЛСКАТА ТППЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА ОПРЕМА

Преку проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен)“, за битолската ТППЕ во наредниот период е предвидено да се набават 16 дишни апарати, како и  42 професионални  комбинизони  за пожари на отворен простор со пожарникарски ракавици и чизми.
Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, го потпишаа договорот за реализација на овој проект. Проектот е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Вкупната вредност согласно проектната апликација изнесува 4.163.550 денари.